Blog
Освоено прво место на Балкан Јуниор 2023
- May 22, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести

Уште еден успех на учениците од нашиот центар. На меѓународниот натпревар од областа на електротехника и мехатроника ,,Балкан Јуниор 2023 “кој се одржа на 19 мај во Никшиќ ,Црна Гора,нашиот тим составен од учениците Бојан Петроски од образовен профил Техничар за производно машинство и Наум Алачоски од образовниот профил Техничар за компјутерско управување под менторство на Наташа Јанковска Китани и Ангеле Буџакоски го освоија првото место во конкуренција на средните училишта од Србија,Словенија,Хрватска,Црна Гора ,Турција ,Босна и Романија.
Натпреварот содржеше теоретски и практичен дел.На теоретскиот дел учениците беа тестирани со прашања од шест области и тоа три области од електротехничката струка и три области од машинската струка.
После теоретскиот дел следуваше практичен дел каде учениците од секоја земја изработија 17 цртежи на делови од авион во Solidworks, изработија склопен цртеж на дадениот модел на авион во зададен временски рок по што се премина во завршната фаза од практичната задача. Во завршната фаза секоја земја учесничка имаше задача да го склопи моделот на авионот, да го залепи, поврзе и залеми, за да моделот на авионот почне да работи. За да ја реализираат практичната задача учениците имаа време од 120 минути.
После завршување на натпреварот следуваше свеченоста на која се прогласуваат побетниците. Организацијата на домаќинот беше на највисоко ниво, посебно нивната гостопримливост. Наредниот ден во организација на домаќинот имше прошетка низ Никшиќ и беше посетен манастирот Св Василије Острошки. На третиот ден од натпреварот сите си заминуваат во својата земја со стекнати нови пријателства, искуства, а нашиот тим со уште една победа.