Во периодот од 11.05 до 14.05.2023 година во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа 12 ученици и 5 професори од Техничкото училиште од Ваљево од Република Србија. Посетата беше во рамките на потпишаната соработка меѓу нашите два образовни центри и има за цел дружење и размена на искуства.
Во рамките на посетата нашите гости се запознаа со условите за одржување на настава во нашето училиште, беа одржани заеднички часови на кои учествуваа и учениците од Ваљево. Исто така беше организиран туристичка прошетка низ нашиот град како и посета на Заливот на коските и манастирот Св. Наум.