Изминативе три дена, во рамки на проектот BODY KIND, членовите на ЛМО при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, Наум Радески (благајник на ЛМО) и Дарко Крлески (секретар на ЛМО), беа дел од обуката во Скопје и зедоа активно учество во овој програм и се стекнаа со европски сертификати за учеството.
BODY KIND (2022-1-LV02-KA220-YOU-000085666) е меѓународен партнерски проект во рамки на ERASMUS + програмата за млади, под водство на латвиската организација Piepildīto sapņu istaba и во партнерство на чешката организација Mission: Reconnect и Вретено Скопје.