На ден 6.5.2023 год. учениците од нашиот Центар учествуваа во Општинскиот натпревар по прва помош кој беше организиран од страна на Црвен крст – Охрид. На натпреварот беа поставени пет штанда со повредени лица на кои учениците укажуваа прва помош.
Нашиот тим во состав на учениците: Ангел Крстески, Арсениј Ѓоршески, Андријана Огненоска, Лија Камбер и Ѓорѓи Шикалоски, под менторство на професорката Александра Ставреска, го освои второто место со 503 бода. На натпреварот учествуваа четири екипи од сите средни училишта.
Честитки за учениците и за менторката.