Blog
Државен натпревар за учениците од електротехничка, машинска и сообраќајна струка 2023
- May 6, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести

Вкупно 111 ученици од 21 државно училишта беа дел од јубилејните 40-ти Државни натпревари на електромашинските и сообраќајните училишта кои се одржува на 04 и 05 мај 2023 година во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“. На овие натпревари нашите ученици постигнаа одлични резултати.
Учениците Виктор Стојаноски од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника под менторство на професорите Владо Јанкулоски и Билјана Аврамоска, Димитар Павловски од образовниот профил Електротехничар за електроника и телекомуникации под менторство на професорите Сашо Ангелоски, Билјана Ристоска и Билјана Аврамоска и Петар Јолески од образовниот профил Техничар за производно машинство под ментроство на професорите Владо Трајчески, Меланија Јосифоска и Наташа Јанкоска Китани го освоија првото место во своите профили.
Учениците Даниел Стојаноски од образовниот профил Техничар за компјутерско управување под менторство на професорите Наташа Јакоска Китани, Горан Томоски и Душко Цветаноски и Ален Асим од образовниот профил Техничар за патен сообраќај под менторство на професорите Ѓоко Милески, Наташа Гредоска и Весна Нанеска го освоија второто место во своите профили.
Учениците Ана Новеска од образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика под менторство на професорите Јулијана Петреска, Билјана Ристоска и Јане Цаноски и Даниел Винципрова од образовниот профил Електротехничар-енергетичар под менторство на професорите Владо Јанкулоски, Сашо Ѓоргиевски и Горан Јанкоски го освоија четвртото место во своите профили.
Свое учество на овој натпревар имаше и ученикот Цвете Вранишкоски од образовниот профил Машински техничар за моторни возила под менторство на професорите Ангеле Буџакоски, Душко Цветаноски и Александар Буџакоски.
Оваа година натпреварот се состоеше од два дел и тоа теорестски и практичен дел.
Свеченото отворање на натпреварот се одржа на 04.05.2023 година на кое покрај натпреварувачите и нивните ментори учествуваа и повеќе гости меѓу кои градоначалникот на Општина Охрид, г-нот д-р Кирил Пецаков. Пред присутните свое обраќање имаше директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, професорот Сашо Недески кој ја потенцираше важноста на дуалното образование, додавајќи дека резултат на успешноста на моделот на дуалното образование е неговото ширење во скоро сите училишта во државата, за да денес државните натпревари комплетно се организираат за учениците кои наставата ја следат во дуалното образование.
Натпреварите се организираат под покровителство на Општина Охрид, а во обраќањето градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека ваквите настани се од исклучителна важност за продлабочување на соработката помеѓу училиштата и размена на искуства помеѓу учениците. Напредокот на општините во современи услови не може да се замисли без локален економски развој, потенцираше Пецаков, додавајаќи дека успешното реализирање на овој концепт подразбира создавање поволна клима за деловни активности и инвестирање.
На сите ученици и менторите им честитаме за постигнатите резултати и освоените награди.