На 01.04.2023 година во просториите на Природно математичкиот факултет во Скопје се одржа LXVI-иот државен натпревар по математика за учениците од средно образование.
На овој натпреварот ученикот од прва година Владимир Каланоски освои пофалница. Ученикот беше под менторство на професорката Емилија Колевска.
На натпреварот учествуваа вкупно 55 ученици од прва година од сите гимназиски и стручни средни училишта од Македонија.
На ученикот и менторот им честитаме за постигнатиот успех.