Blog
Учество на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на SUBEX 2022
- November 16, 2022
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести

На 15.11.2022 година во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје се одржа овогодинешниот саем на добавувачи од балканските земји SUBEX 2022. Како дел од овој саем учествуваа и учениците и професори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Во рамките на оваа манифестација се изврши свечено доделување сертификати од страна на амбасадорот на Република Германија Ото Граф и директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс, за успешно положен завршен испит по германски терк на учениците од првата завршена генерација од профилот Техничар за индустриска мехатроника.
Исто така на годинешниот SUBEX 2022 беа промовирани учениците од прва година од паралелките Техничар за индустриска мехатроника и Техничар за производно машинство на кои им беа дадени ученички ранци за среќен почеток на нивното школување во дуално образование.
За петгодишното искуство во дуално образование на панел дискусијата на форумот говореше и директорот на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ професор Сашо Недески.