На ден 16.9.2022 г. претставници од Младинската организација на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа дел од дискусијата која е дел од проектот ,,Младите може да бидат слушнати” каде што активно се вклучија во дискусијата, дадоа свои предлози и идеи за подобрување на правата на младите во општеството и како градот да биде подобро место за живеење.
Целта на дискусијата беше поттикнување на младите да бидат вклучени во донесувањето на општествените одлуки, да предлагаат иницијативи за подобрување на животот на младите. На дискусијата беа опфатени теми поврзани со проблемите кај младите во образованието, спортот, информираноста на младите и сл.