Blog
Свечено доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2021-2022 година од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- August 30, 2022
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести

На ден 29.8.2022 г. во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше одржана прослава во чест на матурантите од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
На овој настан се обратија секретарот на општина Охрид, г. Александар Китески како и директорот на нашето училиште, г. Сашо Недески.
Директорот на училиштето им додели пофалници на следниве матуранти:
Јован Велјаноски – првенец на генерацијата 2021/2022 година;
Николче Митрески – првенец на генерацијата 2021/2022 година;
Антонио Иванов – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение;
Дамјан Карадакоски – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение;
Марио Анѓелковски – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение;
Виктор Трајчески – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение;
Гоце Наумоски – пофалница за континуиран одличен успех и примерно поведение.
Исто така, беше награден и официјалниот тим што со својата иновација „Електрично пловило“ учествуваше на проектот Предизвик за млади истражувачи, а тоа се менторите – професорите Виолета Никовска и Сашо Ангелоски и учениците: Христијан Груески, Јован Матлиоски и Шефко Асим.
Настанот беше збогатен со музички точки кои ги изведоа нашите ученици Даниел Трифуноски и Мухамед Асан, кои беа под раководство на професорите Жармена Китрозоска и Славчо Китаноски.
За целиот настан беа ангажирани и учениците Бобан Кочески и Ана Новеска кои ја водеа целата програма.