Blog
Посета на 55. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура
- August 24, 2022
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести

Денеска, во рамките на своите воннаставни активности, Ирена Ралева-Најдевска, лектор и професор по македонски јазик и литература, вработена во нашиот центар беше во посета на 55. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.
Учениците: Дарко Крлески од I-2, Дамјан Коцаревски од I-5, Наум Радески од I-5, Емилија Костоска од I-C и Андријана Огненоска од I-C заедно со професорката ги посетија студентите од странство кои се на летна школа во Охрид и го изучуваат македонскиот јазик како странски.
Огромна благодарност до универзитетските професори:
проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска;
проф. д-р Гордана Алексова;
проф. д-р Борче Арсов;
м-р Иван Антоновски;
м-р Марија Пандева;
проф. д-р Лидија Танушевска;
проф. д-р Кристина Николовска и другите кои ни овозможија да бидеме дел од оваа летна школа, да слушнеме дел од предавањата за јазик и за литература, а исто така за можноста да се запознаеме со семинаристите од: САД, Кореја, Турција, Полска, Чешка, Словачка и Унгарија кои го изучуваат македонскиот јазик како странски.
Ви благодариме.