Билјана Божиноска наставник по Граѓанско образование и Ирена Ралева – Најдевска наставник по Македонски јазик и литератира со двајца свои ученици Бобан Кочески од II-3 и Андријана Огненоска од I-С, учествуваа на Конференцијата за граѓанско образование, која се одржа на 23-ти август, 2022 г. (вторник) во Хотел Александар Палас во Скопје. Конференцијата се одржа под работен наслов „Граѓанско на дело – од училница во акција“.
Оваа конференција беше организирана во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, имплементиран од Македонски центар за граѓанско образование во соработка со Младински образовен форум.