Во периодот од 12.05 до 15.05.2022 година во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се 10 ученици и 5 професори од Техничкото училиште од Ваљево од Република Србија. Посетата е во рамките на потпишаната соработка меѓу нашите два образовни центри и има за цел дружење и размена на искуства.
Во рамките на посетата беа одржани заеднички часови на кои учествуваа и учениците од Ваљево, како и туристичка прошетка низ нашиот град.