На 30.11.2021 година во организација на Македонскиот центар за граѓанско образование во Скопје се одржа првиот дигитален саем на средно стручно образование. На овој дигитален саем зедоа учество и професорите Љупчо Балески и Гоце Георгиевски, како и учениците од IV-5 клас: Евгенија Шулевска, Марио Анѓелкоски и Христијан Бајмакоски, кои ги изнесоа своите искуства од одвивањето на практичната настава во партнерските компании Костал, ЛТХ Леарница и ОДВ Електрик во рамките на дуалното образование.
Целта на овој прв дигитален саем беше да им се прикажат придобивките на идните средношколци од посетувањето на средните средни училишта