Blog
Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ наградени на литературниот и ликовниот конкурс „ Заедно за убав и хуман свет“
- November 22, 2021
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид учествуваа на наградниот литературен и ликовен конкурс при Општинската организација Црвен крст од Охрид на тема: „Заедно за убав и хуман свет“ и освоија прво, второ место и пофалница.
Литературен конкурс:
Ученичката Андријана Огненоска од I-С клас освои прва награда за најдобра поетска творба, а ученикот Никола Илиоски од III-1 клас освои пофалница за прозна творба. Овие ученици беа под менторство на професорката по Македонски јазик и литература, Ирена Ралева Најдевска, вработена во нашиот училиштен центар.
Ликовен конкурс:
Ученичката Андријана Огненоска од I-С клас освои прва награда за најдобра ликовна творба (техника мек молив), а ученикот Селмир Рамадан од I-A клас освои втора награда за ликовна творба (техника мек молив). Овие ученици беа под менторство на професорката по Ликовна уметност, Жанета Стаиќ Митреска, вработена во нашиот училиштен центар.
Честитки за освоените награди и ви посакуваме уште многу, многу успеси во иднина!