Blog
Промоција на четвртата генерација ученици во рамките на дуалното образование
- September 21, 2021
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести

На ден 21.09.2020 година беше промовирана четвртата генерација ученици во дуално образование од профилите Техничар за индустриска мехатроника и Техничар за производно машинство. Директорот на училиштето, Сашо Недески им посака на учениците да се стекнат со што поголемо знаење како во училиштата, така и во компаниите.
Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс, истакна дека оваа можност што им се нуди на учениците да имаат практична настава во компанииите во Охрид преставува голема перспектива како за личен развој, така и за развој на кариера понатаму. Дејан Чупоски од Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, но и координатор на програмата за дуално стручно образование по германски модел, истакна дека овие програми се базирани врз германските курикулуми за мехатроничар и за техничар за производно машинство, а самите компании беа вклучени во изработката на истите.
Вкупно 170 ученици од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид посетуваат дуално образование од кои 106 ученици од прва до четврта година во профилите техничар за индустриска мехатроника и техничар за производно машинство, кои реализираат настава по прилагодена програма од германски модел за наши стандарди.
Од страна на директорот на Делегацијата на германското стопанство г-дин Патрик Мартенс, на учениците од новата генерација, им беа доделени школски ранци со училишен прибор. На свеченоста беа присутни и претставници од компаниите ЛТХ-Леарница, Костал и Магна.