Blog
Посета на премиерот Зоран Заев на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- July 24, 2021
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во придружба на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и на пратениците направи увид во работите на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“
При увидот на работите во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ премиерот Заев истакна:
„Мојата работна посета на Охрид, на Охридскиот и Преспанскиот Регион, и на Битола во текот на денешниот ден ја започнувам со посетата на Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“, но и со пуштање во употреба на „15-тиКорпус“ – една од најзначајните сообраќајни артерии на Охрид.
Заедно со градоначалникот го видовме напредокот и реализацијата на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на ова средно училиште.
Во последните две години Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ доживеа речиси целосна реконструкција и обнова.
Во 2019 година со поддршка на Министерството за образование беа обновени прозорците и дел од кровнатаконструкција, а во 2020 година беше завршена обновата на покривот и комплетно реконструирана фасадата со што училиштето доби сосема нов лик.
Дополнително, Општина Охрид ги реновираше сите училници, кабинети и канцелариски простории, а со цел да се овозможи поголема функционалност на онлајн часовите за учениците од ова средно училиште беа набавени 20 нови десктоп компјутери.
Сега се во тек работите на реконструкцијата на спортската сала и на спортските терени и со тоа ова училиште го добива целосниот модерен и функционален училиштен центар со сите погодности за изведување квалитетна настава. Ова училиште, како партнер на програмата за дуално образование има посебно место во нашиотобразовен систем со оглед на фактот што за оваа новина во нашето образование посветуваме посебно внимание за да биде целосно и успешно имплементирана.
Уште од почетокот на учебната 2018/2019 година Електромашинскиот училиштен центар „Св.НаумОхридски“ воспостави соработка со компаниите „Костал“, „ОДВ електрик“ и „ЛТХ Леарница“ со што започна со работа и пилот паралелката во дуално образование во електротехничката струка за профилот „Техничар за индустриска мехатроника“, за да од учебната 2019/2020 година се формира уште една паралелка во дуално образование во машинската струка за профилот „Техничар за производно машинство“.
Воедно при оваа посета, директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ професорот Сашо Недески на премиерот на Владата на Република Северна Македонија г-нот Зоран Заев му врачи Благодарница за особен придонес, подршка и развој на воспитно-образовниот процес во Центарот.