Blog
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-прво рангиран на предизвикот од Фондот за иновации
- June 11, 2021
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во рамките на јавниот повик “Предизвик за млади истражувачи #4 – зелени проекти”, кој го спроведува Фонд за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за образование на кој пристигнаа 79 предлог проекти , нашиот училиштен центар ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ е прво рангиран во конкуренција на средните училишта. На овој предизвик тимот составен од професорите Сашо Ангелоски и Виолета Никовска и учениците Евгенија Шулевска, Шефко Асим, Никола Илоски, Даниел Котоски, Јован Матлијоски и Христијан Груевски го изработи проектот „Електрично пловно возило“.
Главна цел на овој проект е да се изработи прототип на чамец на електричен погон, каде електричната енергија е добиена од соларни ќелии. Со функционалноста на овој проект ќе се докаже и економската ефикасност од примената на овој погон и на поголеми пловни објекти. Истражувачката дејност на овој проект ќе се фокусира околу прибирање на податоци кој електричен мотор е најсоодветен за движење на чамецот и како може да се подобри ефикасноста на соларните ќелии ако се користат нано материјали.
За успешно спроведениот проект наставниците кои го предводеа тимот ќе добијат и награда во вкупен износ од 30.000 денари, која ќе можат да ја искористат за набавка на персонален компјутер, таблет, печатач или друг тип на дигитална опрема применлива во наставниот процес.
Комисијата за избор и одлучување беше составена од претставнци од секторот средно образование при МОН, Бирото за развој на образование, Здружението за поттикнување и подготовка на младите за успех во глобалната економија Џуниор Ачивмент Македонија, УНИЦЕФ и ФИТР.
Поддршка за над 150 ученици од целата држава за иновативни зелени проекти – Fitr