Blog
Промоција на третата генерација ученици во рамките на дуалното образование
- October 19, 2020
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести

На ден 15.10.2020 година беше промовирана третата генерација ученици во дуално образование од прфилите Техничар за индустриска мехатроника и Техничар за производно машинство. Од страна на директорот на Делегацијата на германското стопанство г-дин Патрик Мартенс, на учениците од новата генерација,им беа доделени школски ранци со училишен прибор.На свеченоста беа присутни и претставници од компаниите ЛТХ-Леарница и Костал, како и претставници од локалната самоуправа на општина Охрид.
Во склоп на свеченоста од страна на директорот на ОЕМУЦ Св.Наум Охридски и Директорот на делегацијата на германското стопанство беше откриена табла на која е означено дека ова училиште е партнер во реализација на дуалното образование и беше потпишан меморандум за соработка од страна на директорот на Делегацијата на германското стопанство г-дин Патрик Мартенс и директорот на ОЕМУЦ Св.Наум Охридски Сашо.Недески.