Blog
Високи награди за учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“
- December 9, 2017
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 7-ми декември во СОУ „Никола Карев“ во Струмица се одржа државниот натпревар ЛИДЕР за избор на најдобар ученик во струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија. Со свои претставници на натпреварот учествуваше и охридското средно училиште „Св. Наум Охридски“, чии ученици освоија високи награди.
Прво место и награда Лидер на струка освои ученикот Антонио Тренески–техничар за патен сообраќај (сообраќајна струка), второ место Мартин Србиновски–машински техничар (машинска струка), трето место Петар Ристески–техничар за компјутерско управување (машинска струка), трето место освои и Валентин Илијоски– електротехничар за компјутерска техника и автоматика (електротехничка струка), како и Тодорче Џуклески– електротехничар енергетичар (електротехничка струка).
Овој натпревар помина во беспрекорен натпреварувачки амбиент, но и амбиент кој овозможи добро дружење и стекнување нови пријателства, велат учесниците.