Прослава на патрониот празник
- December 27, 2016
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести

Со пригодна свеченост во просториите на училиштето, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на 23.12.2016 година беше одбележан 50-годишниот јубилеј на училиштето.
Директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, Јане Цаноски, во своето обраќање до присутните гости изрази голема благодарност до колективот на училиштето, но и до сите оние кои дале свој придонес од основањето до денес. Во име на општина Охрид, присутните ги поздрави заменик градоначалникот, Ангел Јанев, кој го честита јубилејот и посака училиштето да постигнува уште поголеми успеси.
Во рамките на свеченоста беше доделена диплома за првенец на генерацијата на ученикот Милошески Филип од IV-3 клас за континуиран одличен успех во наставата, како и за освоени прво, второ и трето место на државни и меѓународни натпревари.
Исто така беа доделени и дипломи на учениците кои учествуваа на конкурсот за изработка на проекти и ликовниот конкурс. При тоа прва награда на конкурсот за проекти освои ученикот Јузмески Иван за изработка на 3Д печатач. Втората награда му припадна на ученикот Тадиќ Шиме за изработка на компјутерска игра, а третата награда ја освои ученикот Левески Дамјан за изработка на засилувач. На ликовниот конкурс првото место го освои ученичката Дијелза Речи. Исто така им беа доделени дипломи и на останатите ученици кои постигнаа успех на одржаните државни и меѓународни натпревари во текот на 2016 година.
Во рамките на свеченоста беше прикажан и документарниот филм за 50-годишниот развој на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а беа доделени и благодарници на пензионираните професори.
Манифестацијата беше збогатена со културно уметничка програма и хуманитарен базар каде беа изложени ракотворби изработени од учениците на училиштето.