50 години ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- December 16, 2016
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
По повод 50-годишнината од постоењето на Општинскиот електромашински училишен центар „Св. Наум Охридски“ и во чест на патрониот празник „Св. Наум Охридски“ во периодот од 19.12 до 23.12.2016 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе се одржат низа активности.
Така во понеделник 19.12.2016 година со почеток во 11:00 часот ќе се одржи Отворениот ден на училиштето каде што свои презентации ќе одржат стручните активи на центарот, а од 12:00 часот ќе се одржи Литературно катче и ликовна изложба.
Во вторник 20.12.2016 година почнувајќи од 11:00 часот ќе се одржи ЕКО Хуманитарна акција во организација на Младинската организација на центарот.
Среда 21.12.2016 година е резервиран за спортски активности насловени како „Големи и мали“ при што свое учество почнувајќи од 11:00 часот ќе земат ученици, наставници и родители.
Во четврток 22.12.2016 година во 12:00 часот од страна на членовите на драмската секција при центарот ќе се одржи сценска изведба на драмата „Чудата на Св. Наум“ во режија на Д-р Благица Хаџи Јованоска, а во 13:00 часот ќе се претстави и оркестарот на центарот со музичката изведбата наслована како „Музички бисери“
Во петок 23.12.2016 година во 18:30 часот ќе се одржи хуманитарната акција „Новогодишен базар“, а од 19:00 часот ќе започне и свечената програма по повод 50-години постоење, раст и развој на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид