Училишна компанија

УЧЕНИЧКИ КОМПАНИИ

Junior Achievment Macedonia

з1

На Националниот натпревар во најдобри ученички компании  за учебната 2022/2023 година што се одржа во организација на Junior Achievment Macedonia од 10 ти до 12 мај во хотел Дрим- Струга,  25 тима имаа можност да ги претстават своите ученички компании и сé што сработиле оваа учебна година.

Нашето училиште на овој натпревар се претстави со две  Ученички компании. Комапнијата „ЦеХа4“ составена од учениците Ангел Крстески, Мартина Јосифоска, Мануел Симоноски, Јована Николоска и Един Мифтароски под менторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески го претстави својот производ Дигестер за производство на метан со користење на органски отпад. Компанијата „GreenForce“ составена од учениците Ана Спироска, Ана Атанасовска, Дарко Крлески, Климент Маријаноски, Александар Спасеновски под менторство на професорката Ирена Ралева Најдевска ја претстави својата апликација TrashPinger која се користи за пријавување на диви депонии.

                                  JA4                          JA2

На овој натпревар беа пријавени 115 компании од средни училишта од целата држава, а на финалниот настан се претставија 25 ученички компании од 20 училишта од 14 градови од Македонија меѓу кои беа и нашите две компании.

 

JA7JA3JA6JA8

 

Натпреварот се состоеше од два дела. Во првиот дел претставниците од ученичките компании имаа сценска презентација пред жири-комисија, а во вториот дел ги претставија своите услуги или производи на своите штандови.

З8     з2          JA10З7

 

 

Натпреварот претставува едно позитивно искуство како за учениците така и за менторите бидејќи нашето училиште за првпат настапи на еден ваков натпревар. На учениците и менторите им честитаме за постигнатиот успех и им посакуваме успешна практична реализација на нивните идеи.

JA13JA12JA14