Конкурс за учебна 2020/2021 година

Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински Училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2020/21 година, објавува:

ОГЛАС

За  слободни ученички места за образовните профили за упис во I година за учебната 2020/2021

Во I година ќе се запишат вкупно 424  ученици од кои   356  ученици во 11   паралелки  на настава на македонски наставен јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик, според наставни планови и програми за :

МАШИНСКА СТРУКА –93 ученици, 3 паралелки

-техничар за компјутерско управување/  машинско -енергетски техничар/ машински техничар за моторни  возила                  мак. 34 уч. 1 пар. 4 год.тр.45 мин.поени

-техничар за производно машинство/  машински техничар       мак. 25 уч. 1 пар. 4 год.тр.55/45  мин.поени

-заварувач-обработувач на метал           мак. 34 уч. 1 пар.3 год. тр.   30 мин.поени

 

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА –  229 ученици, 7 паралелки

-електротехничар за компјутерска техника и автоматика       мак. 68 уч. 2 пар.4 год. тр. 55 мин. поени

– електротехничар за електроника и телекомуникации        мак. 34 уч. 1 пар.4 год. тр.   50 мин.поени

-електротехничар-енергетичар                     мак. 34 уч. 1 пар.4 год. тр.   45 мин.поени

-електротехничар-енергетичар                     алб. 34 уч. 1 пар.4 год. тр.   45 мин.поени

-техничар за индустриска мехатроника   мак. 25 уч. 1 пар.4 год. тр.   55 мин.поени

-автоелектричар                                               мак. 34 уч. 1 пар.3 год. тр.   30 мин.поени

ЛИЧНИ УСЛУГИ – 34 ученици, 1 паралелка

-техничар за козметичка нега и убавина                         мак. 34 уч. 1 пар.4 год. тр.  45 мин. поени

СООБРАЌАЈНА СТРУКА –68 ученици, 2 паралелки

-техничар за патен сообраќај        мак. 34 уч. 1 пар.4 год. тр.  55 мин. поени

-техничар за патен сообраќај        алб. 34 уч. 1 пар.4 год. тр.   55 мин.поени

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

-Пријава за запишување ( пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е безплатна);

– оригинални сведителства од VI до IX одделение;

-извод од матичната книга на родените ( без оглед на датумот на издавањето).

– дипломи од освоени I, II и  III место од републички и меѓународни натпревари доколку ученикот има освоено по следните предмети: мајчин јазик , странски јазик, природни науки,математика,физика,хемија,биологија и географија и предмети значајни за струката – математика и физика за машинската, електротехничката и сообраќајната струка и хемија и биологија за лични услуги).

Се препорачува документите за запишување да не се праќаат по пошта и пријавувањето да се врши лично од ученикот т.е родителот или старателот.

УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ

Услови за запишување на учениците:

– да имаат завршено основно образование;

-да не се постари од 17 години;

-да се определиле за план и програма за еден од горенаведените образовни профили од електротехничката , машинската, сообраќајната и лични услуги.

Критериуми за избор на учениците се :

-среден успех на ученикот од VI до IX одделение

-среден успех на ученикот постигнат по четири предмети ( мајчин јазик, странски јазик и двата предмети кои се од значење за струката – електротехничка, машинска и сообраќајна – математика и физика и лични услуги – хемија и биологија)

-дипломи од освоени ( I, II и III ) места од меѓународни и републички натпревари

(мајчин јазик , странски јазик, природни науки, математика, физика, хемија, биологија и географија и предмети значајни за струката – математика и физика за машинската, електротехничката и сообраќајната струка и хемија и биологија за лични услуги)

-средна вредност од поени за поведение (примерно-5 поени; добро -3 поени, незадоволително -0 поени)

ПРИЈАВУВАЊЕ:  Првото  пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши на 16 и 17  јуни 2020 година од 8,00 до 15,00 часот, а резултатите од уписот и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година. 

Второто  пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши на 24 и 25  јуни 2020 година од 8,00 до 15,00 часот, а резултатите од уписот и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година. 

Третото  пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши на 29  јуни 2020 година од 8,00 до 15,00 часот, а резултатите од уписот и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година. 

 

27.03.2020 година                                                            Од училишната комисија при

Охрид                                                             ОЕМУЦ“ Св.Наум Охридски“ –Охрид