Blog
Домаќини на осмиот по ред натпревар Балкан Јуниор 2020 година ќе бидат техничките средни училишта „Томис“ од Констанца и “Николае Димитриеску“ од Кумпала од Република Романија. За таа цел во периодот од 17.10 до 19.10.2019 година во Констанца се одржа договорниот состанок за организирање на натпреварот „Балкан Јуниор 2020 година. На […]
На покана од директорот на „Техничка Школа“ – Ваљево , Бранко Голоскоковиќ, а по повод патрониот празник на училиштето на 05.10.2019 година, присуствуваше делегација од ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид предводена од директорот Сашо Недески. „Техничка Школа“ – Ваљево започнува со работа на 05.10. 1939 година како електромашинска школа во просториите на Гимназијата […]
На 25.09.2019 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа третиот саем „Macedonia manufacturing EXPO 2019“. Како гости на овој саем учествуваат и ученицте од профилите Техничар за индустриска мехатроника и Техничар за производно машинство при нашиот центар, директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски, професор Сашо Недески како и група професори и родители. На […]
Во рамките на активностите на Младинската организација при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид на 20.09.2019 година се изведе еднодневна екскурзија од едукативно-рекреативен карактер за учениците од прва до четврта година од нашиот Центар. Во рамките на едукативниот дел од екскурзијата, учениците ја посетија ХЕЦ „Глобочица“ при што се запознаа со процесот на производство на […]
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во соработка со Министерството за образование и наука се наоѓа во фаза на подготовка за опремување на една паметна училница со смарт табла, проектор и таблети како и за една конференциска сала. Донатор на целокупната електронска опрема е кинескиот производител „Хуавеј“. За таа цел на 13.09.2019 година во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум […]
Во соработка со транспортните претпријатија „Галеб“ АД Охрид, Омега Експрес и Ина Пупе Компани од Охрид во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа реновирани две училници. Реновирањето опфати поправка на подовите со поставување на ламинат кој беше донација од страна на компаниите како и поправка на електричната и компјутерската инсталација. На овој начин се изврши подобрување […]
Се известуваат сите ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ дека новата учебна 2019-2020 година започнува во понеделник 02.09.2019 година и тоа: Прва смена во 07:30 часот: I (прва) и III (трета) година од сите струки Втора смена во 13:30 часот: II (втора) и IV (четврта) година од сите струки На сите ученици им посакуваме успех во […]
Градежните активности околу спортската сала што се наоѓа во склоп на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се во завршна фаза. На 21.08.2019 година градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со директорот на средното училиште, Сашо Недески, извршија увид за текот на активностите. Најголемиот дел од активностите за изградба на салата, која се протега на […]
Резултатите од полагањето на испитите во состав на Државната матура во августовскиот испитен рок:
Локациите за полагање на екстерните испити од Државна матура во августовскиот испитен рок се следните: Математика: се полага во СУГС „Никола Карев“ во Скопје, Општина Карпош на 15.08.2019 година Македонски јазик, Англиски јазик, Биснис, Историја: се полага во СОУ „Нико Нестор“ во Струга