Balkan Junior 2019

Zname1                                  Document-page-001

Градоначалникот Константин Георгиески, на  22.05.2019 година ги прими и им честиташе на учениците Надица Кузманоска и Александар Лазароски од  ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ , кои под менторство на професорите Владо Јанкулоски и Љупчо Балески, го освоија  третото место на Меѓународниот натпревар „Балкан јуниор – Охрид 2019“.

Slika 10        Slika 11

На средбата, директорот на училиштето Сашо Недески, на градоначалникот Константин Георгиески му врачи благодарница за поддршката на Локалната самоуправа во организирањето на Седмиот Меѓународен натпревар од областа на електротехниката, машинството и мехатрониката „Балкан Јуниор 2019“ .

Од 02. до 05. мај ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ од Охрид беше домаќин на Седмиот натпревар од областа на електротехниката, машинството и мехатрониката „Балкан Јуниор 2019“ каде зедоа учество 16 ученици од 8 средни технички училишта од балканските земји.

Свеченото отворање на натпреварот се одржа на 03. мај во просториите на ОЕМУЦ „Свети Наум Охриски“ каде свое обраќање имаше претседателката на Советот на Општина Охрид, г-ѓа Живка Ангелоска која воедно го прогласи и натпреварот за отворен.

Свое обраќање пред учениците, менторите и директорите од училиштата учесници на натпреварот имаше и директорот на Центарот професор Сашо Недески како и координаторот за Дуално стручно образование при Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, г-от Тобијас Боле.

Во рамките на свеченото отворање на натпреварот се одржа и кратка уметничка програма на која учествуваа ученици од нашиот Центар како и групата „Сарај“.

Натпреварот се состоеше од теоретски дел на кој секој ученик одговараше на тест од 60 прашање од областа на Електромоторни погони, Автоматика, Дигитални системи, Техничка механика, Механички елементи и Хидраулика и пневматика.

После завршување на теоретскиот тест следуваше и практичниот дел на натпреварот во кој секој тим требаше да изработи модел на компјутерски контролирана лизгачка врата која требаше да задоволува одредена однапред зададени услови, како и да изработи цртеж на предната страна од вратата со употреба на мини ЦНЦ машина.

На 04.05.2019 година во хотел „Гарден“ се одржа свеченото затварање на Меѓународниот натпревар „Балкан јуниор – Охрид 2019“ под покровителство на Градоначалникот на општина Охрид.

Екипата на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“- Охрид составена од учениците Надица Кузманоска и Александар Лазароски под менторство на професорите Владо Јанкулоски и Љупчо Балески го освои одличното третото место на Меѓународниот натпревар „Балкан јуниор – Охрид 2019“.

Првото место на натпреварот и припадна на екипата од Србија составена од учениците Марко Девиќ и Немања Дивниќ под менторство на професорите Вукоман Лековиќ и Горан Миќовиќ

Екипата на Црна Гора составена од учениците Вељко Вукотиќ и Јован Вукосављевиќ под менторство на професорот Зоран Вујичиќ го освои второто место.

Свеченоста заврши со традиционалното примопредавање на официјалното знаме на следниот домаќин на натпреварот во 2020 година – тимот од Романија.

Галерија Балкан Јуниор 2019

Newsletter Balkan Junior 2019

Седмиот по ред натпревар „Балкан Јуниор 2019“ ќе се одржи од 02.05 до 05.05.2019 година, а домаќин ќе биде Општинскиот Електромашински Училиштен Центар „Св. Наум Охрдиски“ од Охрид.

Агенда Балкан Јуниор Охрид 2019

Agenda Balkan Junior Ohrid 2019

Agenda Balkan Junior Ohrid 2019 en.

БАЛКАН ЈУНИОР  претставува  меѓународен натпревар од областа на електротехника и мехатрониката. Целта на проектот е поврзување на стручните училишта од областа на машинството и електротехниката како и размена на нивните искуства,  промовирање на меѓукултурната соработка и запознавање со начинот на образование и животот во други држави. Овој проект како свои цели ги има поставено  унапредувањето на знаењето и споредување со други училишта, подигнување на нивото  на знаења и компетенции на учениците и наставниците во средните стручни школи како и  потикнување на креативноста. Натпреварот се реализира секоја година во едно училиште од редот на училишните партнери.  При тоа од секое училиште учествуваат по двајца ученици и ментори.

Претставување на земјите учесници на натпреварот Балкан Јуниор

БАЛКАН ЈУНИОР-ПАТИШТА НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО

Училишта и држави учесници на натпреварот:

Srbija    Република Србија,   TEHNIČKA ŠKOLA,  Ваљево

Turcija  Република Турција,  INONU MTAL (İnönü Mesleki ve Teknik Anadolu Lisesi) ТЕХНИЧКО И ИНДУСТРИСКО СРЕДНО УЧИЛИШПТЕ, Истанбул

Slovenija  Република Словенија,   ŠKOLSKI CENTAR VELENJE, Велење

Bosna i hercegovina Босна и Херцеговина,   JU MJEŠOVITA  SREDNJA  ŠKOLA, Тешањ

Crna Gora  Црна Гора,   JU SREDNJA STRUČNA ŠKOLA, Никшиќ

Romania  Романија,   COLEGIUL TEHNIC “TOMIS”, Констанца

Hrvatska  Република Хрватска,   SREDNJA ŠKOLA MATE BLAŽINE, Лабин

Makedonija  Република Македонија,   ОЕМУЦ „Св. НАУМ ОХРИДСКИ“, Охрид

 

  Balkan Junior__

Проектот “Балкан Јуниор” настана како идеја да се поврзат училишта од слични профили од различни држави од Балканот. Идеја започна во 2012 година од страна на Бранко Голоскоковић, директор на Техничкото училиште од Ваљево, и Фатих Камил Билгин, директорот на училиштето INONU MTAL од Истанбул. Натпреварувањето “Балкан Јуниор” до сега се одржуваше во:

  1. Турција- Истанбул
  2. Словенија – Велење
  3. Црна Гора – Никшиќ
  4. Србија – Ваљево
  5. Босна и Херцеговина – Тешањ
  6. Хрватска – Лабин

Соработката меѓу училиштата се темели на размена на знаење, искуства и средства за извршување на практични задачи, базирани на повеќегодишното работење на просветните работници од областа на напредните технологии кои се неопходни за современ работен пазар (електротехника, машинство и информатика).

Досегашните натпревари ги опфатија областите од управувањето со CNC машините, програмирањето на PLC, работењето на 3D печатач, реализација на електро-пневматски систем управуван со PLC и микропроцесорот за програмирање и контрола на возила со помош на микроконтролери.

Честа да биде домаќин на седмото интернационално натпреварување “Балкан Јуниор” ја има Општинскиот Електромашински Училиштен Центар „Св. Наум Охридски“ од Охрид, а натпреварот  ќе се одржи во мај 2019 година .