Во рамките на активностите на Младинската организација при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид на 20.09.2019 година се изведе еднодневна екскурзија од едукативно-рекреативен карактер за учениците од прва до четврта година од нашиот Центар.
Во рамките на едукативниот дел од екскурзијата, учениците ја посетија ХЕЦ „Глобочица“ при што се запознаа со процесот на производство на електрична енергија.
Во рамките на рекреативниот дел, учениците имаа можност да ги посетат селата Лазарополе и Галичник.