Во рамките на проектот „ Чиста средина, добар изглед,впечатлива култура и вреден пример за иднината“- организиран од Здружението на акцијаши „Брег на младоста“- Охрид, а поддржан од општина Охрид, младинската организација на ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ со свои претставници, ученици од I-5: Асим Шефко, Јосифоска Антоанела, Шулеска Евгенија, Ристески Виктор и Андреј Георгиев, учествуваше на работилница за обука и едукација на 60 ученици според полова, етничка, и локациска застапеност и избори на лидери според изградени вредности мерила и критериуми.
Обуката ја спроведуваа обучувачи едукатори, според интерактивен методолошки пристап и членови на млади волонтери. На оваа работилница учениците се оспособуваат и мотивираат за волонтерски активизам, изработка на планови и проекти за управување со вон училишен активизам и вклучување на волонтери акцијаши.