Blog
ОСВОЕНО ПРВО И ВТОРО МЕСТО НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР “HAIR FAIR” 2018
- March 28, 2018
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во неделата на 25.03.2018 г. учениците од козметичката струка, Јован Кароски и Натали Цацаноска од нашиот училишен центар ОЕМУЦ” СВ. Наум Охридски” – Oхрид учествуваа на меѓународниот натпревар Hair Fair 2018 органзиран од Македонската фризерска асоцијација, во охридскиот хотел “Аквалина”, каде го покажаа својот талент и умешност во областа на фризерството.
Модниот ден започна со натпреварувачкиот дел во дисциплината јунуори, во категорија свечени пунџи. Во силна конкуренција, под будното око на стручно жири составено од странски звучни имиња првото место го освои Јован Кароски од III K клас, додека пак второто место и припадна на неговата сооученичка Натали Цацаноска. Јован, под менторство на стручниот наставен тим на училиштето и познатиот охридски стилист Сашко Георгиески од студиото „Арс Нова“, се претстави со рок ен рол – романтична приказна која остави посебен белег на овој натпревар. Додека пак Натали, се претстави со вечерна свечена пунџа која би била привлечна за младите девојки за различни пригоди, за што истакнуваме благодарност и до фризерскиот салон “Лејла”.
Учениците ќе продолжат и понатака во усовршувањето на своите таленти и нивно претставување во училиштето како и надвор од него.