По повод јубилејот 50 години постоење на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид и по повод Патрониот празник на училиштето, на ден 19.12.2016 година се организира Отворен ден за учениците и наставниците од основните училишта во Општина Охрид.
На отворениот ден свое претставување имаа стручните активи од центарот. Учениците имаа можност да ги посетат кабинетите по информатика, енергетика, електроника и роботика, компјутерско управување, сообраќај и козметика.
При тоа на учениците им беа презентирани опремата со која располагаат кабинетите, изработените проекти од ученици од центрот како и наставните програми од струките и профилите кои се застапени во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“