Машинска струка

ТЕХНИЧАР ЗА ПРОИЗВОДНО МАШИНСТВО

Наставниот план за овој образовен профил е базиран на германскиот модел на дуално стручно образование, кој овозможува зголемен број на часови за практична настава, која што се изведува во компании – партнери на нашето училиште односно  нашиот град.

Со оваа квалификација ученикотр се стекнува со компетенции за да може да изработува техничка и технолошка документација за обработка на металите со режење и пластична деформација; ракува со алатни машини, изработува метални конструкции; изработува и одржува алати и изведува заварувачки работи; користи алат, машини и уреди за изработка на производи од пластични маси; ракува и програмира CNC машини; ја планира, организира, следи и оптимизира работата; решава проблеми, контролира квалитет на алати, уреди, материјали и производи, согласно со проектната документација. Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Оператор на технологија на обработка на метали со деформација и режење, Оператор на техно- логијата за изработка на метални конструкции, Алатничар, Оператор на технологијата на заварување, Оператор на машини и уреди за изработка на производи од пластични маси, Оператор на CNC машина, Изработувач на CNC програми и Соработник за техничка документација во машинството во претпријатија кои се занимаваат со машинска обработка со користење на CNC и класични машини со режење и пластична деформација. Може да работи во претпријатија за изработка и монтажа на конструкции со и без заварување, изработка и одржување алати, машини и опрема, во преработувачката индустрија, автомобилската индустрија и секаде каде што има машини и постројки и потреба за нивно производство и одржување.

Наставен план за образовниот профил Техничар за производно машинство

МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР

Изработува техничка и технолошка документација за обработка на металите со режење и пластична деформација; ракува со алатни машини; изработува метални конструкции; изработува и одржува алати и изведува заварувачки работи; ракува и програмира CNC машини; планира, организира, следи и оптимизира работа, решава проблеми, контролира квалитет на алати, уреди, материјали и производи, согласно со проектната документација. Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Оператор на технологија на обработка на метали со деформација и режење, Оператор на технологијата за изработка на метални конструкции, Алатничар, Оператор на технологијата на заварување, Оператор на CNC машина, Изработувач на CNC програми и Соработник за техничка документација во машинството во претпријатија кои се занимаваат со машинска обработка со користење на CNC и класични машини со режење и пластична деформација. Може да работи во претпријатија за изработка и монтажа на конструкции со и без заварување, изработка и одржување алати, машини и опрема во преработувачката индустрија, во автомобилската индустрија и секаде каде што има машини и постројки и потреба за нивно производство и одржување.

Наставен план за образовниот профил Машински техничар

МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР ЗА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Одржува, сервисира и поправа моторни возила, но и учествува при нивното производство; организира и врши надзор над одржувањето и поправките на моторните возила, дијагностицира неисправности на моторното возило, проверува, подесува и поврзува делови и системи на моторното возило и организира постапки во производниот процес на моторните возила. Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Дијагностичар на неисправности на возила, Механичар и монтер на мотори и моторни возила, Оператор на технологијата на производство и одржување на мотори и моторни возила или Соработник за техничка документација во машинството во индустријата за производство на моторни возила и делови за моторни возила, сервиси за одржување и поправка на моторни возила, технички служби, станици за технички преглед, авто- салони, продавници за резервни делови, претпријатија со возен парк, претпријатија кои вршат јавен превоз на патници и товар, а може да води и сопствен бизнис.

Наставен план за образовниот профил Машински техничар за моторни возила

ТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКО
УПРАВУВАЊЕ

Изработува техничка и технолошка документација за обработка на металите со режење и деформација; изработка на програми за CNC системи, ракува со CNC системи и изработка на крајниот производ на CNC системи/машини; компјутерски управува автоматизирани системи, конфигурира и одржува мехатронички системи, програмира PLC системи; работи со интелигентни системи и индустриски роботи. Квалификацијата Техничар за компјутерско управување дава можност за стекнување ИКТ знаења, вештини и компетенции применливи во машинството, како и во други сродни сектори. Ученикот по завршување на образованието ќе може да ја организира, да ја следи и да ја оптимизира работата, да решава проблеми, да врши контрола на квалитет на алати, уреди, материјали и производи, согласно со проектната документација. Ќе работи на оперативни работи во машинската индустрија каде се употребува компјутерското управување. Техничарот за компјутерско управување, по завршувањето на средното образование, ќе може да работи во претпријатија кои се занимаваат со машинска обработка со користење на CNC и класични машини со режење и пластична деформација. Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Оператор на CNC машина, Изработувач на CNC програми, Оператор на технологија на обработка на метали со деформација и режење, Оператор на компјутерски управувани системи и Соработник за техничка документација во машинството во организации и претпријатија каде што се користи компјутерско управување и надзор, како што се: енергетиката, прехранбената, хемиската, печатарската, автомобилската индустрија, земјоделието, сточни фарми, хотели, административни и спортски објекти и секаде каде што се користи компјутерско управување и надзор, интелигентните системи, индустриските роботи и ИКТ технологии.

Наставен план за образовниот профил Техничар за компјутерско управување

ЗАВАРУВАЧ

ОБРАБОТУВАЧ НА МЕТАЛ

26196950_1903344753312183_270542740_n

Ласерско сечење со CNC Машина

Car-Factory-Tour-United-States-Assembly-Plant

Мехатроника