Лични услуги

ТЕХНИЧАР ЗА КОЗМЕТИЧКА НЕГА И УБАВИНА

Самостојно планира и организира работни активности во областа на козметиката, односно лична подготовка, подготовка на работното место и на клиентот; прием и советување на клиент; избира и спроведува третмани за нега на лицето и третмани на телото, со примена на различни техники на масажа, техники на велнес и спа, третмани за обликување и потемнување на телото, примена на препарати и апарати во третманите, маникирaње, педикирање, шминкање и применување на естетски критериуми во усогласување на шминката, фризурата со изгледот на клиентот. Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Стилист естетичар, Масер за козметичка масажа, велнес и спа, Козметички техничар, како и други сродни занимања, согласно со стекнатата квалификација, но и преку отпочнување сопствен бизнис.

Наставен план за образовниот профил Техничар за козметичка нега и убавина

Cosmetic-testing-lab-300x200