Овој образовен профил е базиран на германскиот модел на дуално стручно образование при што посебен акцент се става на практичната обука што ќе се спроведува во компании.
Практичната обука ќе се спроведува во компаниите Костал, ЛТХ Леарница, ОДВ-Електрик и Магна Интернационал
Врши интервенции од електротехничка и машинска природа на мехатронички системи, применува ИТ опрема во автоматизирани процеси; програмира компјутерски системи и автоматизирани процеси со примена на програмски јазици; инсталира, одржува компјутери и периферна компјутерска опрема; работи со интелигентни системи и роботи; извршува интервенции на автоматизирано управувани процеси и применува стандарди при работа со компјутерска технологија и др. Предлага мерки за подобрување на енергетската ефикасност во објекти при различни ситуации и го намалува трошокот на енергија со различни дејствија и активности. Користи и пополнува техничко–технолошка документација. Почитува и применува правила и прописи од областа на безбедноста на работа, безбедноста на работното место и процедурите за безбедна и правилна манипулација на мехатронички системи. Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи во различни работни средини како што се: ИКТ индустријата, интелигентни и роботски системи, автоматизирани индустриски погони, станбени објекти, установи за јавни услуги, медиуми, установи за туризам, угостителство, образование, наука, здравство, земјоделие и др., како и да развива сопствен бизнис. Исто така, ќе може да извршува работни задачи како: Електротехничар за автоматски и контролни системи, Техничар за процесна автоматика, Техничар за роботика и интелигентни системи, Електротехничар за комуникации, мерења и управување во електроенергетиката, Оператор на електрични машини и електромоторни погони, Оператор на компјутерски управувани системи, Оператор на технологијата на обработка на метали со деформација и режење и на други работни места, согласно со квалификацијата
Наставен план за образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника