Машинска струка

ТЕХНИЧАР ЗА ПРОИЗВОДНО МАШИНСТВО

Наставниот план за овој образовен профил е базиран на германскиот модел на дуално стручно образование, кој овозможува зголемен број на часови за практична настава, која што се изведува во компании – партнери на нашето училиште односно  нашиот град.

Учениците изучувајќи го овој образовен профил ќе се стекнат со знаења, вештини и компетенции од областа на современото машинство  и информатиката.

-Конструирање на машински елементи и алати во CAD

-Производни технологии во машинството (машинска обработка на металите со режење и пластична деформација, технологии на заварување)

-Автоматско управување и програмирање на CNC  машини

-Енергетска техника во машинството

-Применета електротехника во машинството

На крајот на четиригодишното образование на овој образовен профил учениците ке можат да се вработат во компаниите партнери или пак да го продолжат своето образование на некој од техничките факултети;

МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР

Изучува:
– современи технологии на производство;
– компјутеризирани НУ – машини;
– компјутерско водење на проекти;

МАШИНСКО - ЕНЕРГЕТСКИ
ТЕХНИЧАР

Изучува:
– парно греење,
– климатизација,
– гасификација.

МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР ЗА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Интеграција помеѓу машинството (hardver) и информатичката технологија (softver) претставува МЕХАТРОНИКА.

Мехатронички системи кај автомобилите се: ABS , ESP, DME, EBM

ТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКО
УПРАВУВАЊЕ

Управува со процесите на обработка кај современите компјутерски управувани машини – CNC машини. За конструирање на машинските делови се користат најпопуларните програми за компјутерско цртање и моделирање – Solid Works, AutoCad.

ЗАВАРУВАЧ

ОБРАБОТУВАЧ НА МЕТАЛ

26196950_1903344753312183_270542740_n

Ласерско сечење со CNC Машина

Car-Factory-Tour-United-States-Assembly-Plant

Мехатроника