Конкурс за учебна 2019/2020 година

Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински Училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2019/20 година, објавува:

ОГЛАС

За запишување на редовни ученици во I година во учебната 2019/20 година

Во I година во учебната 2019/20 година ќе се запишат вкупно 424 ученици во 13 паралелки (356 ученици во 11 паралелки со настава на македонски наставен јазик  и  68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за :

МАШИНСКА СТРУКА – 93 ученици, 3 паралелки

-техничар за компјутерско управување/                                                          мак. 34 уч. 1 пар. 4 год.тр.45 мин.поени

машинско -енергетски техничар/ машински

техничар за моторни  возила

-техничар за производно машинство/  машински техничар                    мак. 12/13 (25 )уч. 1 пар. 4 год.тр.55/45мин.п

-заварувач-обработувач на метал                                                          мак. 34 уч. 1 пар.3 год. тр.   30 мин.поени

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА – 229 ученици, 7 паралелки

-електротехничар за компјутерска техника и автоматика мак.             68 уч. 2 пар.4 год. тр. 55 мин. поени

– електротехничар за електроника и телекомуникации мак.                                34 уч. 1 пар.4 год. тр 50 мин. поени

-електротехничар-енергетичар                                                                            мак. 34 уч. 1 пар.4 год. тр.  45 мин. поени

-електротехничар-енергетичар                                                                            алб. 34 уч. 1 пар.4 год. тр.  45 мин. поени

– електромеханичар за електроника и телекомуникации                       мак. 34 уч. 1 пар.3 год. тр.   30 мин.поени

– техничар за индустриска мехатроника  /електромеханичар   мак. 15 /10уч. 1 пар.4/3 год. тр.   55/30 мин.поени

ЛИЧНИ УСЛУГИ – 34 ученици, 1 паралелка

-техничар за козметичка нега и убавина                                                           мак. 34 уч. 1 пар.4 год. тр.  45 мин. поени

СООБРАЌАЈНА СТРУКА – 68 ученици, 2 паралелки

-техничар за патен сообраќај                                                                                  мак. 34 уч. 1 пар.4 год. тр.  55 мин. поени

-техничар за патен сообраќај                                                                                  алб. 34 уч. 1 пар.4 год. тр.  55 мин. поени

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:При пријавувањето учениците треба да ги достават следните документи :

-Пријава за запишување ( пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);

– оригинални сведителства од VI до IX одделение;

-извод од матичната книга на родените ( без оглед на датумот на издавањето).

– дипломи од освоени I, II и  III место од  меѓународни и државни  натпревари .

Се препорачува пријавувањето да се врши лично од ученикот т.е родителот или старателот.

УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ

Услови за запишување на учениците:

– да имаат завршено основно образование;

-да не се постари од 17 години;

-да се определиле за план и програма за еден од горенаведените образовни профили за стручно образование.

Критериуми за избор на учениците се :

-среден успех на ученикот од VI до IX одделение

-среден успех на ученикот постигнат по четири предмети ( мајчин јазик, странски јазик и двата предмети кои се од значење за струката – електротехничка, машинска и сообраќајна – математика и физика и лични услуги – хемија и биологија)

-дипломи од освоени ( I, II и III ) места од меѓународни и републички натпревари ( за освоено место од меѓународен натпревар -5 поени, од државни натпревари: I место– 3,II место-2 поени и I место – 1поен. Се вреднува дипломата која носи најмногу поени по предметите: мајчин јазик и математика и двата предмети од значење за струката)-средна вредност од поени за поведение ( примерно-5 поени; добро -3 поени; незадоволително -0 поени).

ПРИЈАВУВАЊЕ:  Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во 1 уписен рок –2пријавувања во  јунски и 1 во јулски  уписен рок.Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 17 и 18 јуни 2019година од 8,00 до 15,00 часот, а резултатите од уписот и слободните места ќе се објават на 19 јуни 2019 година.Второто пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 24 и 25 јуни 2019година од 8,00 до 15,00 часот, а резултатите од уписот и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2019 година.Третото пријавување и запишување на учениците  ќе се врши на 1јули  2019година од 8,00 до 15,00 часот, а резултатите од уписот и слободните места ќе се објават на 2 јули 2019 година.Учениците кои полагаат поправни испити, испит на годината, испити за побрзо напредување можат да се запишат после јунскиот рок на 26 август 2019 година, со соодветна документација.

Од училишната комисија при   ОЕМУЦ“ Св.Наум Охридски“ –Охрид

17 Април 2019 година